Поврзете се со нас

Шпанија

Гути убеден дека ќе дојде до уште еден бомбастичен трансфер: Сити е европски шампион, но не е Реал Мадрид!

Објавено

на

Foto:instagram.com/guty14haz

Реал Мадрид по се изгледа ја добива долгогодишната битка со ПСЖ и ова лето најверојатно ќе го добие Килијан Мбапе, но во светската јавност се говори за уште неколку врвни имиња кои во иднина би го засилиле тимот на Реал Мадрид.

„Јавна тајна“ е дека Флорентино Перез сонува да ги има во ист тим Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, па повикувајќи се на последното интервју кое го имаше Норвежанецот, легендарниот Гути си даде за право да заклучи дека актуелната ѕвезда на Сити со сигурност ќе пристигне во Реал во догледно време.

– Халанд кажа две вистини во последното обраќање. Првата е дека е среќен во Манчестер Сити и нормално е да биде среќен во таков клуб, а втората вистина е дека не знае што ќе се случи во иднина. Јас знам, негова желба е да дојде во Реал Мадрид и во тоа сум убеден.

– Сити е актуелен европски шампион, тоа е извонреден тим, но сепак не е Реал Мадрид. Го нема тоа што го има Реал Мадрид. Реал има нешто посебно што прави сите големи играчи да сакаат да го облечат белиот дрес.

– Реал Мадрид нема централен напаѓач, го има Хоселу, но тој игра малку. Халанд е специфичен тип на играч кој би му одговарал на Реал. Замислете да ги имате Винисиус, Родриго, Мбапе и Халанд во ист тим, јас би бил презадоволен. Дали Винисиус би можел да си оди? Не знам што ќе се случи со него, но знам дека Халанд ќе заигра за Реал Мадрид, во тоа сум сигурен, – потенцира Гути во емисијата „Ел Чирингито“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни