Гути со совет за Бразилецот: За Нејмар постои само една вистинска опција

nejmar

Легендата на Реал Мадрид, Хосе Марија Гутиерез Ернандез попознат како Гути јавно и отворено му порача на Нејмар што треба да направи ако сака достигне нови височини во неговата кариера.

Бразилецот ја тера својата прва сезона во Пари Сен Жермен по трансферот од Барселона за кој беа платени рекордни 222 милиони евра, но и понатаму има шпекулации за иднината на напаѓачот со тоа што во прв план се споменува Реал Мадрид.

-Искрено се надевам ќе го носи дресот на Реал во иднина. Ако сака да напредува и да  дојде до нови височини само Реал Мадрид е опција за него. На крајот, тој беше во еден важен тим како Барселона и сега е во друг во ПСЖ, но само го гледаме во ЛШ. Тоа што недостасува за него е Реал Мадрид, -порачал Гути за „Кадена Сер“.

Facebook Коментари