Поврзете се со нас

Шпанија

Гути со брутална изјава за Мурињо: Тој не е профил на тренер за Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Хосе Марија Гутиерез Гути е жива легенда на Реал Мадрид и во моментов е слободен агент и чека тренерски ангажман, но додека да дојде до такво нешто, тој редовно е специјален гостин во студиото на „Ел Чирингито“.

Познатата шпанска програма го има Гути како редовен аналитичар веќе подолго време, па новинарот Педрерол одново му постави прашање на поранешниот играч за врска кога е наследникот на Анчелоти во прашање.

Многумина сметаат дека Дон Карло ги брои последните месеци во клубот и дека си оди на крајот од сезоната, а тоа предизвика да слушаме различни имиња кои се поврзуваат со „кралскиот клуб“.

Едно од нив е и Жозе Мурињо, но откако вчера самиот Португалец се самоотпиша од потенцијалниот список, сега доби зајадлив „поздрав“ од Гути, за кого главен фаворит е Зинедин Зидан.

– Јас лично сакам да се врати Зидан уште еднаш во Реал Мадрид. Да бидам искрен, со Мурињо имаше етапи кога ми беше досадно да го гледам Реал Мадрид, тоа е реалноста.

– Мурињо едноставно не е профил на тренер за да го води Реал Мадрид. Навивам за трета етапа на Зидан, зошто да не се случи тоа? Има тренери кои можат да минат повеќе етапи во еден клуб, а тоа е така бидејќи се идеални за истиот, – завршува Гути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни