Поврзете се со нас

Шпанија

Гути предложи сензационален стопер за Реал по тешката повреда на Милитао

Објавено

на

Foto:instagram.com/guty14haz

Едер Милитао вторпат заработува тешка повреда на коленото во период од 15 месеци, а ова дефинитивно е ужасна вест за Реал Мадрид кој одново се соочува со проблеми како и минатата сезона.

Бразилецот денеска го скина предниот вкрстен лигамент на другото колено (десно) и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, но ако се знае дека во аут се и Дани Карвахал и Давид Алаба, јасно е дека Реал ќе мора да се активира на трансфер пазарот веќе во јануари.

Карло Анчелоти до јануари ќе може да смета само на Антонио Ридигер од стоперите кои се етикетирани како стартери, па после тешката повреда на Милитао, легендарниот Гути му даде предлог на Дон Карло да тргне по Серхио Рамос.

Поранешниот капитен на Реал е без клуб неколку месеци и чека вистинска понуда која ќе го задоволи, а Гути смета дека негово враќање на „Бернабеу“ би пополнило две „дупки“ во првиот тим.

– Сите видовме какво загрижено лице имаше Анчелоти по повредата на Милитао. Едер е многу важен играч за Реал, се врати од тешка повреда и почна да игра на високо ниво. Одбраната на Реал Мадрид сега е во многу тешка положба, повредата на Милитао е надополнување на онаа тешката која ја заработи Карвахал. Алаба исто така е во аут поради тешка повреда и не знаеме кога ќе се врати.

– Реал мора да излезе да пазари на трансфер пазарот, а јас гледам дека Серхио Рамос е без клуб. Тој може да игра и како стопер, но и како десен бек. Секако дека гледам на опција како него, покрај тоа, тој би дошол за нула евра. Нема клуб и би дошол како слободен агент. Минатата сезона играше за Севилја и имаше добри настапи во Ла Лига.

– Ако сака, Реал Мадрид може да тргне и по дефанзивец за наредните 10 години, но не знам колку е лесно да најдете таков играч во јануари. Затоа, јас на Серхио гледам како добра „лепенка“ која може да ги реши проблемите, – потенцира Гути.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни