Поврзете се со нас

Шпанија

Гути накратко објасни зошто Белингам блеска во Реал и го „поздрави“ Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Десет гола на првите десет натпревари за Реал Мадрид е учинок кој можат да го режираат само фудбалери со посебна дарба, а таков дефинитивно е Џуд Белингам кој во период од два месеци се претвори во ѕвезда број еден на „кралевите“.

Имаше такви кои сметаа дека на Англичанецот ќе му биде потребно време за да се адаптира на разликата од Бундеслигата и Ла Лига, но талентот и знаењето на Белингам експресно дојдоа до израз и тој се истакна како лидер број еден во тимот на Карло Анчелоти.

Цела шпанска јавност дели комплименти за неверојатниот офанзивен фудбалер кој го доби „кралскиот клуб“, а легендарниот Гути смета дека со овие изданија, Џуд ги минал Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд во потерата кон светскиот фудбалски врв.

– Белингам блеска во Реал Мадрид бидејќи сакаше да игра само за Реал. Фановите на Реал го сакаат Џуд бидејќи тој по секоја цена сакаше да заврши тука. После контроверзите кои ги имаше со друг играч (мислејќи на Мбапе), ова е најдоброто што можеше да се случи.

– Белингам нуди партии кои се неверојатни и сега тој е прв кандидат за светскиот трон. Претходно тоа беше трон за кој конкурираа Винисиус, Мбапе и Халанд, но Белингам сега е пред сите. Сфати дека тронот од Меси и Кристијано остана празен и тргна со сите сили по него, – завршува Гути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни