Поврзете се со нас

Англија

Гундоган загрижен за иднината: Новиот формат на Лигата на шампионите е помало од двете зла

Објавено

на

Реакциите по неуспешниот обид за формирање на фудбалска Супер лига не стивнуваат, двете страни и натаму ја бранат својата позиција, а барем е јасно дека оваа битка заврши во корист на УЕФА и Лигата на шампионите.

Најголемиот дел од фудбалската јавност има забелешки за форматот на Супер лигата, но очигледно дека и новиот формат на Лигата на шампионите ќе предизвикува контроверзи.

Денеска реагираше фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, кој ги потсети фановите дека новиот формат на ЛШ носи и повеќе натпревари за клубовите.

– Во периодот кога сите зборуваат за различни аспекти на Супер лигата, може ли да зборуваме и за новиот формат на Лигата на шампионите?

– Повеќе и повеќе натпревари значи дека никој не мисли на фудбалерите. Новиот формат на ЛШ е помалото зло во споредба со Супер лигата.

– Актуелниот формат на ЛШ функционираше одлично и затоа е најпопуларно натпреварување во светот – и за нас фудбалерите и за фановите, – напиша Гундоган на својот Твитер профил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни