Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гундоган за шансите на Барселона во ЛШ: Јас сум реален…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона се враќа во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а за ривал во осминафиналната рунда го има актуелниот италијански првак Наполи.

Ова дефинитивно ќе биде сериозен тест за каталонците без разлика што наполитанците не играат најдобро во Серија А во актуелнава кампања, но ЛШ е ЛШ, друго натпреварување каде едноставно се почнува од почеток во оваа елиминациска рунда.

Ако се погледне ситуацијата во која се каталонците, тогаш можеби ова им е последна шанса за трофеј во актуелнава сезона или барем на хартија со оглед на тоа што во Супер Купот на Шпанија загубија од Реал Мадрид (финалето), потоа беа елиминирани од Атлетик Билбао во Копа Дел Реј, додека пак во Примера имаат минус од осум бода во однос на „кралевите“.

Колку е пак реално Барса со актуелнава форма и состав да дојде до пехар во елитната конкуренција е друго прашање на кое искрено се обиде да одговори човекот кој лани беше шампион со Манчестер Сити, Илкај Гундоган.

-Има други тимови во натпреварувањето со повеќе шанси и поголемо искуство, но ако успееме да стигнеме до четвртфиналето, влегуваме во посебна територија. Јас сум реалист, но исто така знам дека е тешко за секого, -порача германскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни