Поврзете се со нас

Англија

Гундоган за престојното дерби со Ливерпул: Тие се полни со самодоверба…

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити минута низ неочекувана тешка резултатска криза во која претрпе пет порази во низа, а во вторникот против Феенорд не беше доволно ниту водство од 3-0 за да забележи триумф на „Итихад“ (3-3) во рамките на петтото коло во Лигата на шампионите.

Сега пак следи најтешкиот можен противник против екипата која е во најдобра форма, ритам во топ лигите во Европа-тимот на Ливерпул. „Граѓаните“ гостуваат на „Енфилд Роуд“ во дуел во кој ако го загубат ќе бидат на минус 11 во однос на лидерот, ситуација која според Илкај Гундоган треба да се избегне затоа што тоа би значело крај на надежите за одбрана на трофејот во елитната англиска конкуренција.

-За да се остане во трката за титулата веројатно да, бидејќи 11 поени би биле огромна разлика. Сè уште е рано во сезоната. Има уште многу натпревари за играње и многу работи можат да се случат, не само на наша страна, туку и на секој друг тим. Но, очигледно треба да се погледнеме себеси и да се обидеме да ги направиме работите што можеме подобро, што е можно побрзо. Го прифаќаме тоа, остануваме скромни, со главата надолу и се обидуваме да вложиме труд во следните неколку дена и да се подготвиме што е можно подобро за тежок натпревар.

-Енфилд е секогаш тежок, без разлика на ситуацијата. Се мачевме во последните години одејќи таму и знаеме дека Ливерпул е одличен тим полн со самодоверба во моментов. Ќе биде толку тешко колку што е можно. Но, тоа ја сумира ситуацијата во моментов. Се чини дека оваа сезона треба да ја поминеме на најтешкиот можен начин, -порача Гундоган.

Дербито е закажано за 1 декември од 17:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни