Поврзете се со нас

Германија

Гундоган за поплаките на Унгарците: Во Премиер лигата сите ќе им се смеат

Објавено

на

Foto:x.com/DFB_Team

Илкај Гундоган како капитен на Германија вчера беше и вистински лидер на теренот, бидејќи покрај тоа што го постигна голот за 2:0, учествуваше и во оној првиот кој го постигна Џамал Мусиала.

Искусниот играч за врска на Барселона уште еднаш покажа дека е многу важен за националниот тим, но додека германската јавност го апострофираше неговото одлично издание, Унгарците го вметнаа во еден контроверзен момент од првиот дел.

Унгарскиот селектор посочи дека Германија добила голема помош од судиите поради недосуден прекршок од Гундоган над Орбан при акцијата за 1:0, а откако Марко Роси обвини за двојни стандарди, со изјава мораше да се јави и Илкај.

Гундоган смета дека поплаките на членовите од унгарскиот тим се безвредни, бидејќи според него станува збор за дуел игра која е секојдневна во Премиер лигата.

– Изненаден сум што унгарскиот селектор и неговите играчи се лути за првиот гол. Не знам како изгледаше на телевизија, но јас играв седум години во Премиер лигата и ако за тоа побараат фаул, ќе им се смеат во Англија и сите ќе паѓаат на земја, – изјави Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни