Поврзете се со нас

Европски првенства

Гундоган за можната слаба точка на Шпанија: Тоа беше нешто што моравме да го научиме со Гвардиола

Објавено

на

Foto:x.com/DFB_Team

Илкај Гундоган дочека време да биде капитен на германската фудаблска репрезентација, а како еден од најискусните во тимот, сега е добро запознаен и со шпанската фудбалска култура.

Гундоган минатата година се пресели во Барселона и се запозна со голем дел од фудбалерите кои сега играат за Шпанија, додека претходно работеше со Пеп Гвардиола, човекот кој според многумина ја предизвика позитивната револуција во шпанскиот фудбал.

Илкај сериозно напредуваше со Пеп и достигна ниво кое го направи незаменлив германски стартер, а во обид да пронајде било каква слабост во актуелниот шпански тим, нагласи еден фудбалски елемент на кој посебно работеле во почетните години во Манчестер Сити.

– Шпанија засега е најдобар тим на турнирот и ми се допаѓа нивниот стил. Секогаш сум тесно поврзан со тимови кои сакаат посед на топка, ми се допаѓа што прават, но ќе видиме како ќе се справат кога ние ќе ја имаме топката во нозе.

– Одбраната е нешто на што посебно работевме во Сити во првите неколку години со Пеп. Ќе видиме дали Шпанија знае да игра и кога ја нема топката во нозе, – вели Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни