Поврзете се со нас

Англија

Гундоган со трансфер совет до управата на Манчестер Сити: Треба да го донесеме..

Објавено

на

Германскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Илкај Гундоган упати трансфер совет до раководството на својот клуб.

Имено, Гундоган сугерираше клубот да го ангажира фудбалерот на Лестер и турски репрезентативец, Чаглар Сојунчу кој зад себе има одлична сезона.

Сојунчу имаше тешка задача да го замени Хари Мегваер кој замина во Манчестер Јунајтед и во досегашниот тек од сезоната тоа го направи на одличен начин.

– Се согласувам со повеќето фудбалски фанови. Чаглар Сојунчу е најдобар на неговата позиција оваа сезона во Премиер лигата, веднаш по Вирџил Ван Дајк.

– Не го знаев претходно. Се сретнавме кога игравме еден против друг. Станавме противници во многу натпревари и секогаш се гледавме и зборувавме за мнгоу работи.

– Тој е многу добро момче, веднаш го засакав. Неговото размислување за фудбалот и карактерот исто така се многу добри. Неогвите настапи за Лестер и Турција се одлични и се надевам дека ќе го видам во подобар клуб наскоро. Искрено, сакам да го видам Чаглар во дресот на Манчестер Сити, може да го понесе товарот со играње во голем клуб, -изјави Гундоган за турскиот „Фанатик“.

Агентот на Чаглар Сојунчу пак неодамна потврди дека и Барселона се интересира за неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни