Поврзете се со нас

Шпанија

Гундоган со коментар за одлуката на Чави, но и со мислење за потенцијалниот наследник

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган не крие дека Чави бил еден од главните фактори да се одлучи за трансфер во Барселона, па не е изненадување што одлуката за негово заминување е непријатно изненадување за германскиот репрезентативец.

Во најновото интервју, играчот за врска на Барса зборувал за актуелниот тренер, но и за неговиот потенцијален иден тренер, Ханси Флик.

– Бев изненаден од одлуката на Чави, не очекував такво нешто. Посакувам да можев да сторам нешто повеќе за него, тој беше основна причина да дојдам овде и многу сум му благодарен. Чави навистина ја сака Барса, – рекол Гундоган, по што го споделил своето мислење и за Флик, со кого соработуваше во германската репрезентација.

– Флик е фантастичен човек, но и одличен тренер, нешто што го покажа на клупата на Баерн.

– Дојде во репрезентацијата во комплициран период, но потврди дека има свој стил и многу го почитувам, – вели Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни