Свет
Гундоган се огласи во јавноста и соопшти важна одлука за својата иднина (Фото)
Илкај Гундоган стана многу популарен во шпанската спортска јавност поради барањето да ја напушти Барселона, но наспроти клупската кариера која се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи, играчот за врска реши едно многу важно прашање на репрезентативен план.
По поразот од Шпанија и елиминацијата на Европското првенство, Гундоган беше еден од фудбалерите кои најавија дека ќе им требаат неколку недели за да донесат конечна одлука за својот репрезентативен пат, но како што можеше да се претпостави, Илкај реши да го следи примерот на Томас Милер.
Искусниот играч за врска стави крај на убавото патување кое го имаше со германската фудбалска репрезентација, во која во последните неколку години беше еден од најдобрите и најконстантните.
Ова е јасен сигнал дека ќе следи голема смена на генерации во средниот ред на Германија, бидејќи покрај Гундоган и Милер, во фудбалска пензија замина и Тони Крос.
– Почитувана фудбалска Германија….. По неколку недели размислување, донесов одлука дека е време да ја завршам репрезентативната кариера. Со голема гордост се навраќам на 82 меѓународни натпревари за мојата земја – бројка што никогаш не можев да ја замислам кога дебитирав за сениорската репрезентација во 2011 година.
– Мојот врв беше очигледно огромната чест што можев да го водам тимот како капитен на нашето домашно Европско првенство ова лето! По сите овие години, конечно успеавме повторно да ја направиме нацијата горда – фактот што можев да имам улога во ова ме прави многу среќен. Но, уште пред турнирот почувствував одреден замор во телото и во главата, што ме натера да размислувам за иднината. Покрај тоа, натпреварите на клупско и репрезентативно ниво не се намалуваат.
– Дефинитивно ќе продолжам да бидам навивач на оваа репрезентација и се надевам дека нагорниот тренд ќе продолжи заедно. Тогаш нема ништо да не спречи да бидеме еден од најголемите претенденти за титулата на Светското првенство во 2026 година. Имаме фантастичен тренер, навистина силен тим и одличен тимски дух. Благодарност до сите навивачи, вработени, тренери и соиграчи кои ме придружуваа на ова патување. Беше чест!, – порача Гундоган.
Liebes Fußballdeutschland,
nach einigen Wochen Bedenkzeit bin ich zu dem Entschluss gekommen, dass es an der Zeit ist, meine Nationalmannschaftskarriere zu beenden.
Ich blicke mit sehr viel Stolz auf 82 Länderspiele für mein Heimatland zurück – eine Zahl, die ich mir so hätte… pic.twitter.com/IsU4iYCxq0
— Ilkay Gündogan (@IlkayGuendogan) August 19, 2024
-
Лига на нациипред 22 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Лига на нациипред 20 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Италијапред 21 час
Мангупскиот гол на Фратези ги воодушеви фудбалските фанови во Италија (Видео)
-
Лига на нациипред 12 часа
Шок за Артета и фановите на Арсенал: Одегард заработи ужасна повреда и го напушти теренот со плачење (Видео)
-
Лига на нациипред 23 часа
Димитриевски не одговори на прозивките од поранешните колеги: Најважно е што ќе направиме утре
-
АТПпред 8 часа
Ферер за допинг аферата на Синер: Се прочитав, тој не е виновен
-
Светпред 11 часа
Интересен предизвик за Холанѓанецот: Депај позираше со дресот на новата екипа (ФОТО)