Поврзете се со нас

Шпанија

Гундоган пристигна во Барселона и ја испрати првата порака до фановите (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган во понеделник официјално ќе биде промовиран како ново засилување од страна на Барселона, а денеска германскиот интернационалец пристигнал во својот нов клуб и град каде ќе престојува наредните две години.

Гунгодан потпиша за шпанскиот шампион како слободен агент, бидејќи му истече договорот со Манчестер Сити, а фановите на Барса со право очекуваат да биде големо засилување за тимот предводен од Чави.

Гундоган денеска првпат беше снимен со спортска опрема со логото на Барселона, а од понеделник ќе започне и со тренинзи со новите соиграчи.

Играчот за врска истакнал дека е среќен што е конечно во Барселона и се надевам на успешна сезона, – рекол Гунгодан во кратката порака наменета за фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни