Гундоган посочи кој е најдобриот фудбалер: Тој е ѕвезда на нашата генерација!

ilkaj

Германскиот репрезентатвец и член на англискиот шампион Манчестер Сити, Илкај Гундоган го одбра играчот од кој најмногу го има импресионирано, односно за него е најголемиот во историјата на оваа игра.

Има многу дебати, дилеми околу ова прашања, меѓутоа кога се работи за Гундоган тој има јасен став и за него број еден е ѕвездата на Барселона, Лионел Меси.

-Меси е најдобриот на светот. Според мене тој има многу посебни способности. Тој има талент и секогаш успева да го покаже тоа на теренот. Тој секогаш има инстинкт да донесе правилна одлука. Тој добро ја користи својата брзина против противниците со кои игра. Има силна завршница. Сè на сè, никој друг нема толку квалитет како Лионел Меси. Тој е ѕвездата на нашата генерација и најголем фудбалер на сите времиња. Се надевам дека ќе мораме да го гледаме како игра уште неколку години, -истакна Гундоган.

Facebook Коментари