Поврзете се со нас

Шпанија

Гундоган одново се огласи за контроверзната изјава за Араухо: Ако не си подготвен да признаеш грешка….

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган стави крај на една разочарувачка сезона како член на Барселона, нешто на што дефинитивно не се навикна искусниот играч за врска кој пристигна од редовите на Манчестер Сити.

По освоената триплета со Сити, Гундоган мораше да се навикне на друга реалност и затоа беше најбунтовен по тешките порази кои ги претрпе Барса, а особено беше лут по елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампиони.

Германскиот репрезентативец тогаш даде една доста нервозна изјава и го посочи Араухо како играч кој направил клучна грешка за елиминацијата, нешто што донесе и турбуленции во соблекувалната.

Два месеци подоцна, Гундоган одново ја активираше оваа тема во интервјуто за „Дер Шпигел“, во кое говорел и дека тренерот е најважен сегмент во успех на еден голем тим.

– Кога зборував за грешката, зборував за нас како тим, не само за Араухо. Ако го видите целосното интервју, зборев за грешките кои не смеат да се дозволат. И јас правам грершки и кога го правам тоа, ги признавам истите. Ако не сте подготвени да признаете грешка, тогаш нема да имате успех.

– Тренерот е најважна алка во еден тим. Важноста на трернерот во еден успех е измеѓу 70 и 80 проценти. Тренерите креираат еден модел и ги тераат играчите да го следат истиот. Еден тренер може да извлече многу повеќе од еден играч, а добар пример имате во Леверкузен. Чаби Алонсо го направи Грималдо врвен играч во Бундеслигата, претходно никој не го следеше него, – заклучил Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни