Поврзете се со нас

Англија

Гундоган направи споредба меѓу Гвардиола и Клоп: Нивните стилови се различни, но…

Објавено

на

Германскиот репрезентативец, Илкај Гундоган е еден од ретките играчи кој во кариерата можел да соработува со Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, двајца тренери кои за многумина се најдобри денеска во светот на фудбалот.

Гундоган можеше да учи од Клоп во Борусија Дортмунд, додека пак сега истото го прави со Гвардиола во таборот на Манчестер Сити.

-Јирген Клоп и Пеп Гвардиола се двајцата најдобри учители во светот. Минав четири години со Клоп. Учител кој многу го сакам. Тој создава неверојатен тимски дух и фантастично ги мотивира фудбалерите. Пеп е на многу високо тактичко ниво. Учител кој сака да ги знае сите детали од играта. Не сум видел тренер кој тактички се подобрува.

-Нивните стилови се различни, но и двата се многу успешни. Иако се многу различни, тие двајцата се најголеми тренери на светот, -истакна Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни