Поврзете се со нас

Репрезентација

Гундоган: Македонците два пати дојдоа пред нашиот гол и два пати реализираа

Објавено

на

Илкај Гундоган беше сигурен од белата точка, но неговиот гол не ја спаси Германија од тежок пораз на домашен терен од Македонија.

Фудбалерот на Манчестер Сити можеби беше меѓу подобрите во составот на Јоаким Лев, но репрезентативниот камп ќе го напушти разочаран од поразот во Дуизбург.

– Ова не смееше да се случи.

– Имам чувство дека Македонците два пати дојдоа до нашиот гол и два пати реализираа.

– Не смеевме да дозволиме да постигнат голови толку лесно, од друга страна направиме неколку шанси, но не успеавме да погодиме. Жал ми е за Тимо (Вернер), бидејќи тој веројатно најмногу сакаше да ја искористи таа шанса која се покажа како решавачка. Сите знаеме дека не смееме да си дозволиме пораз против ваков противник, – изјавил Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни