Поврзете се со нас

Англија

Гундоган изрежира ремек-дело на „Итихад“, Сити го демолираше Кристал Палас (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити на најдобар можен начин го материјализираше денешното реми меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, бидејќи со вечерашната победа се искачи на второто место на табелата, а веќе во среда може да избие и на врвот во Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола го демолираше Кристал Палас на домашниот „Итихад“ во партија во која домашните фудбалери максимално сериозно си ја сфатија работата, но и важноста на трите бода со оглед на поделбата на бодовите на „Енфилд Роуд“.

Стоперот Стоунс го отвори резултат по едно брилијантно проигрување од Кевин Де Брујне во првото полувреме, а на стартот на вториот дел стана јасно дека бодовите ќе останат на „Итихад“, бидејќи Илкај Гундоган изрежира ремек дело за водство од 2:0.

Набрзо после тоа, Стоунс по една мешаница по вторпат се запиша во листата на стрелците, а пред истекот на 90-те минута, одличен гол од слободен удар постигна и Стерлинг за точка на мечот кој заврши 4:0.

Со новите три бода, Сити изби на второто место на табелата, но доколку победи против Астон Вила на заостанатиот меч кој се игра во среда, составот на Гвардиола ќе избие на првата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни