Шпанија
Гундоган има конкретен план за разделба со Барселона и го контактирал клубот во кој сака да продолжи
Барселона вчера ја победи Валенсија на првиот настап од новата сезона во шпанска Ла Лига, но успехот половично беше засенет од информацијата на медиумите дека Илкај Гундоган го инфомирал клубот дека сака да замине уште ова лето.
Германецот одигра само една сезона за каталонскиот клуб, вчера не беше во комбинација поради незгодниот удар кој го заработи на средбата со Монако, но очигледно во позадина работи на поинакво сценарио.
Каталонски медиуми денеска излегоа со ексклузива, според која не само што Гундоган дефинитивно сака да замине, туку и решил да се врати во редовите на Манчестер Сити.
Играчот за врска веќе остварил контакти со својот поранешен клуб и добил позитивен одговор, па наредниве денови се очекува интензивирање на преговорите и реализација на овој невообичаен трансфер.
Гундоган има договор до следното лето, па и Барселона веројатно нема да одбие вакво сценарио, ако самиот фудбале веќе решил дека сака да замине. Таквиот епилог ќе ослободи простор за регистрирање на дел од играчите кои во моментов немаат таков статус, а веројатно и трансфер сума која ќе биде реинвестирана.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон