Англија
Гундоган го лоцираше проблемот на Сити во оваа сезона: На многу натпревари…

Манчестер Сити има сезона далеку под очекувањата, сезона која може да заврши без трофеј, но и без место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2025/2026.
Останува уште многу малку до крајот и „граѓаните“ ќе се соочат со важни предизвици во кои единствена цел е да се победи, а со тоа да се отвори патот и да се дојде барем до некоја основна, минимална цел. Имено Сити може да заврши во Топ 5 во ПЛ и да триумфира во ФА Купот што би било најдобро сценарио за нив, сценарио кои дефинитивно го посакуваат на „Итихад“.
Меѓутоа на подолги стази мора нешто да се промени и тоа го знае искусниот Илкај Гундоган кој анализирајќи ја тековнава кампања, падот на екипата посочи дека недостатокот на желба, агресивност и одлучност кај играчите се причината за тоа што им се случува во оваа година.
-Чувствувам дека на многу натпревари од наша страна можеби понекогаш им дававме преголемо значење на тактиката и навистина не обрнувавме многу внимание на однесувањето, нашето однесување. Да се има одлучност, желба, агресивност. Како едноставни работи кои се дел од играта, но можеби понекогаш едноставно размислувате премногу за да се позиционирате или што и да е. Може да заборавите работи што се некако нормални или што барем треба да бидат нормални, -вели Гундоган за „ЕСПН“ кој го посочи натпреварот против Борнмут во ФА Купот за тоа во кој правец треба да се движат како екипа.
-
Шпанија16 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА12 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА15 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија10 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија13 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Германија14 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…