Шпанија
Гундоган и Барселона се договориле за разделба, клубот чека соодветна понуда
Илкај Гундоган и Барселона се согласиле дека фудбалерот може да замине од клубот уште ова лето, па сега се очекува и конкретно преземање чекор од евентуално заинтересиран клуб.
Германецот одигра само една сезона во шпанскиот клуб и веќе сака да замине, а тоа деновиве им го соопштил на тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко.
Во ситуација кога Гундоган има само уште една година од актуелниот договор, а на Барса и треба ослободување на дел од трошоците за регистрација на новите фудбалери, бил постигнат консензус дека разделбата е добра опција, односно Каталонците веќе го отпишале Германецот од својот проект и сметаат на средствата кои ќе ослободат во клупскиот селари кап по неговото заминување.
Останува да биде пристигне и соодветна понуда до Барселона, за да се договори отштетата за фудбалерот, па Гундоган што побргу да се пресели во новата средина.
Повеќе клубови беа заинтересирани за Германецот, но последните најави се дека тој инсистира на враќање во редовите на Манчестер Сити.
-
Италијапред 17 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 16 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 19 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 10 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………