Шпанија
Гундоган дал објаснување пред Чави и соиграчите за „Ел Класико“ изјавата, Деко ја потврди информацијата

Каталонски „Спорт“ денеска ексклузивно откри дека Илкај Гундоган имал краток говор пред своите соиграчи по враќањето од Париз, откако неговата изјава по „Ел Класико“ донесе бура од реакции во јавноста.
Неговата порака беше протолкувана како сериозна забелешка до фудбалерите кои според него не биле доволно лути и бесни после еден болен дерби пораз, но „Спорт“ денеска откри дека тензијата била смирена, такашто Гундоган побарал збор од Чави пред сите во првиот тим.
Германскиот репрезентативец објасни дека не мислел ништо лошо и дека тоа што го кажал било резултат на големата фрустрација, а неговиот говор завршил со „расчистени сметки“ и смирување на ситуацијата која доби и голема популарност во јавноста.
Деко како спортски директор на Барселона оваа вечер ја потврди ексклузивата на „Спорт“, и преку своето обраќање образложи дека тој случај е веќе архивиран и сите заедно продолжуваат напред.
– Гундоган самиот ги среди работите и тоа е веќе завршено. Има внатрешни работи кои се решаваат во тимот и сега се е мирно меѓу фудбалерите, – изјави Деко.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 22 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)