Гундоган: Бундеслигата е здодевна во споредба со Премиер лигата

ilkaj-gundogan-328238

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити Илкај Гундоган тврди дека Бундеслигата е здодевна.

Германската ѕвезда си замина од Борусија Дортмунд пред година и пол и сезонава има 19 настапи за тимот на Пеп Гвардиола, кој гази сè пред себе во Премиер лигата. 27-годишникот вели дека англискиот фудбал е многу забавен во споредба со германскиот.

– Во Бундеслигата многу малку се случува на натпреварите. Најголем дел од тимовите одат на сигурно и се обидуваат да избегнуваат грешки, место да играат офанзивно. Дополнително, во Премиер лигата има неколку врвни тимови кои можат да станат шампиони. Во Германија е само Баерн Минхен – вели Гундоган.

Facebook Коментари