Поврзете се со нас

Шпанија

Гундоган бил позитивно шокиран од еден играч на Барса: Останав без зборови

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Илкај Гундоган имаше краткотрајна авантура во клубот од своите соништа и се задржа само една година во Барселона, но иако не оствари некои позначајни успеси, веќе во неколку наврати нагласи дека ќе ги памети само добрите работи.

Искусниот играч за врска се врати во Манчестер Сити на крајот на летниот преоден рок и така и овозможи на Барселона да регистрира дел од своите купени фудбалери, а фактот што се откажа од било какво обесштетување само потврди дека станува збор за голем џентлмен.

Гундоган се раздели од Барселона најдобар можен начин, но сега кога се потсетува на времето минато во Каталонија, открива дека посебно изненаден и шокиран останал од Пау Кубарси, а не од Ламин Јамал.

– Случајот Ламин Јамал ми беше веќе познат и беше очигледно дека е голем талент, но кога првпат го видов Пау Кубарси, останав без зборови.

– Пред да почне редовно да игра за првиот тим, на тренинзите се виде дека е навистина добар. Кога јас пристигнав во Барселона, мислев дека има 21 или 22 години, но кога ми кажаа дека самошто наполни 17, останав целосно шокиран. Изгледаше премногу зрело за негова возраст, се сеќавам дека многу време зборував за него со еден од помошниците на Чави, – открива Гундоган.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни