Поврзете се со нас

Германија

Гундоган: Ако Баерн вака продолжи…

Објавено

на

Илкај Гундоган игра фантастична сезона во дресот на Манчестер Сити, сезона која е најдобра во неговата кариера, година која дефинитивно би била комплетна ако со неговиот клуб освои неколку титули што е возможно со оглед на тоа што „граѓаните“ се живи во сите натпреварувања.

Меѓутоа од друга страна Гундоган внимателно ги прати и случувањата во Германија, Бундеслигата каде не му се допаѓа тоа што Баерн Минхен е толку доминантен, недопирлив за останатите ривали.

-Посакувам Борусија или Лајпциг да можат барем да се натпреваруваат докрај и да бидат конкурентни на Баерн. Ако Баерн вака продолжи  тогаш за жал можеме да претпоставиме дека Бундеслигата нема да биде привлечна и интересна за многумина, особено за луѓето ширум светот кои го следат германскиот фудбал.

-Мислам дека имаме подобра и поконкурентна лига овде во Англија, -вели германскиот репрезентативец кој е некогашен член на Нирнберг и Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни