Поврзете се со нас

Европски првенства

Гулит со интересна поента за слабите игри на Англија: Погледнете ги Топ 6 тимовите во Премиер лигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/England

Неубедливите игри на англиската фудбалска репрезентација и натаму се голема грижа за фановите, како и повод за жестоки дебати на стручните коментатори.

Поранешните фудбалери во улога на аналитичари постојано истакнуваат слаби страни во составот на Герет Саутгејт, а по ремито со Словенија, Руд Гулит имал интересна поента во однос на квалитетот во англиската репрезентација.

За многумина Англија е прв фаворит за трофејот поради квалитетот во ростерот, но Гулит не е убеден дека тоа е реална слика.

– Често споменуваме проблеми на оваа англиска репрезентација, но погледнете ги Топ 6 клубовите во Премиер лигата.

– Голманот секогаш е странец, стоперите се странци, офанзивните играчи за врска и напаѓачите најчесто се странски фудбалери.

– На вакви турнири сфаќате дека нешто недостасува, па сега очекуваме фудбалер на Њукасл да направи разлика. Ентони Гордон е одличен играч, но дали е доволно добар за ова ниво? За вакви натпревари ви се потребни играчи кои се профилираат во Лигата на шампионите, – рекол Гулит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни