Свет
Гулит му пресуди на сонародникот: Не е доволно добар за Јунајтед

Вут Вегхорст имаше добро издание на Светското првенство во Катар и посебно се истакна на натпреварот против Аргентина, а партиите кои ги прикажа во месец декември, на крајот беа добра препорака за голем трансфер во јануари.
Холандскиот напаѓач блескаше и во Турција во првиот дел од сезоната, па заминувањето на Кристијано Роналдо од „Олд Трафорд“ се покажа како одлична шанса за него да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Ерик Тен Хаг го повика својот сонародник и му дава огромна минутажа во првиот тим, но и покрај тоа што ужива доверба од менаџерот, многумина сметаат дека тој не поседува квалитет за да остане во Јунајтед на подолг рок.
Оваа теорија ја поддржува и легендарниот Руд Гулит, кој по победата на Холандија над Гибралтар заклучил дека Вегхорст не е материјал за Јунајтед, но и најсилната холандска репрезентација.
– Кога го гледам Вегхорст, секогаш го гледам на чуден начин. Го почитувам за тоа колку се труди, но истовремено го мислам следното: Тој не е доволно добар за Јунајтед и холандската репрезентација. Постојано гледам дефекти во неговата игра и тоа не е за највисоко ниво, – смета Руд Гулит.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)