Поврзете се со нас

Европски првенства

Гулит ја нападна големата холандска ѕвезда пред ЕП: Игра многу лошо, како да гледаме дух

Објавено

на

foto:twitter.com/dunhilllinks

Најголемите репрезентации од стариот континент полека се подготвуваат за Европското првенство кое ќе се игра во Германија, а една од селекциите која е фаворит од втор ред е и Холандија.

„Лалињата“ секогаш знаат да го дадат најдоброто на големите натпреварувања и понудија добра борба и пред две години во Катар, но за разлика од тогаш, тимот сега е воден од Роналд Куман.

Легендата на Барселона го наследи Ван Гал и се врати на селекторското место, а до почетокот на турнирот нема да биде сигурен дали на првиот меч ќе може да смета на Френки Де Јонг.

Играчот за врска имаше тешка сезона во Барселона и беше во аут поради повреда на скочниот зглоб, па прашање е дали ќе биде најподготвен за најважниот турнир ова лето.

Холандските медиуми влеваат голема надеж во играта на Де Јонг и го сметаат како клучен за успех на репрезентацијата, но Руд Гулит потенцира дека до тоа нема да дојде ако не ја подигне формата.

– Ќе кажам нешто за Френки, правејќи една паралела од минатото. Јас почнав во Феенорд и почнав како десно крило. Во тоа време добив јасна порака од Јохан Кројф, тој ми порача дека морам да ја подобрам играта на моите соиграчи. Тогаш не го сфаќав, но сега ми е јасно.

– Кога ја подобрувате играта на своите соиграчи, тоа значи дкеа играте многу добро. Френки едноставно не го прави тоа, игра многу лошо и не е на нивото кое може да го има. Ако се навратите две години и ги гледате настапите на Френки на мундијалот, тој беше како дух. Мора да преземе акција на ова прашање, – вели Гулит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни