Гулбис играше квалификации, првпат стигна до трето коло и сега има бизарен проблем во Австралија

gulbis

Летонскиот тенисер Ернст Гулбис првпат во кариерата стигна до третото коло на грен-слем турнирот Аустралијан Опен, а пред да победи два пати на главниот дел, мораше да игра и квалификации.

Ваквиот развој на настаните очигледно го изненадија и самиот тенисер кој досега имаше ефект 2-10 во Мелбурн, па на новинарите по триумфот над Словенецот Бедене им открил еден бизарен проблем.

– Она што се случува овде е позитивно, би сакал да играм уште пет години ако можам да се вратам на турнирскиот ритам.

– Но, проблем е што во Австралија дојдов со еден пар патики и сега имам проблем да најдам соодветни патики со мојот број во Мелбурн, – открил Гулбис.

Следен противник на Летонецот ќе биде Французинот Монфис.

Facebook Коментари