Италија
Гудмундсон ги посрамоти играчите на Мурињо, Ретеги изреагира како врвен голгетер (Видео)

Џенова и Рома влегоа на вчерашниот меч во подеднакво лоша позиција, но по крајот на мечот, расположението беше многу поразлично во двата фудбалски табори.
Рома го бележи најлошиот старт во историјата откако во Серија А се даваат по три бода за победа, додека Џенова побегна од долниот дел на табелата со неверојатната победа од 4:1.
Алберт Гудмундсон беше еден од лидерите на Џенова во враќањето во елитата, а вчера покажа зошто беше еден од најдобрите во Серија Б и на најголемата фудаблска сцена во Италија.
Исланѓанецот го постигна голот за 1:0, но убедливо најдобрите потези ги прикажа при вториот гол за неговиот тим, кога буквално посрамоти тројца играчи на гостинскиот табор.
Алберт покажа завидна техника и лесно се ослободи од тројца чувари, а потоа топката имаше извонреден тек, по што Торсби асистираше, а Ретеги изреагира како врвен голгетер и мајсторски ја смести топката во мрежата за 2:1.
Ова беше клучниот удар кој го зададе Џенова пред крајот на првиот дел, бидејќи во второто играше уште полесно и постигна уште два гола преку Торсби и Месијас за конечни 4:1.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 16 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)