Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Губитници на вечерта: Играчите на Марсеј не знаеле дека испаѓаат од Европа, Тудор даде бизарно објаснување (Фото)

Објавено

на

Марсеј беше патник во осминафиналето на полувреме од натпреварите во групата Д, но во продолжението од средбите, се случи драстичен пресврт и францускиот тим не само што остана без Лигата на шампионите, се претвори и во трагичар на вечерта во најелитното натпреварување.

Тотенхем брзо израмни на стартот на вториот дел и се обидуваше да го одржи резултатот 1:1 до самиот крај, но во ситуација кога домаќините жестоко напаѓаа, а гостите од Лондон се бранеа со сите сили, следеше луд расплет во последната акција.

Марсеј фрли се на една карта и со сите играчи тргна во напад, па така Тотенхем доби шанса за контра преку Кејн, која заврши со гол на Хојбјерг за 1:2.

Примениот гол во самата завршница направи Марсеј да остане и без Лига Европа, бидејќи загубениот бод ги однесе на последното место во групата, во која на крајот како трет заврши Спортинг.

Игор Тудор влезе на теренот при последната контра на Тотенхем и се обидуваше да ги организира своите играчи, кои всушност не знаеле дека ремито им обезбедува место во Лигата на Европа.

– Ние кои бевме на теренот не знаевме дека добар ни е и бод за играње во Европа. Луѓето на клупата знаеја, но имаше лоша комуникација. Бесни сме за тоа што ни се случи на крајот, но едноставно не знаевме дека бодот е добар, – изјави стрелецот на голот на Марсеј, Шансел Мбемба.

– Се створи голема врева од трибините и имаше конфузија доле на теренот. Едноставно не зборувавме за резултатот на другиот натпревар и сакавме играчите да се концентрираат на својата игра. Едноставно не им кажавме дека не треба сите да одат во напад во последните секунди, – изјави Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни