Поврзете се со нас

Светски првенства

Грузијците се „докажаа“: Шпанските ѕвезди го имаа најбизарниот тренинг во поновата фудбалска ера (Видео)

Објавено

на

По почетниот шок и ремито со Грција на домашен терен, Шпанија утре ќе и гостува на Грузија во вториот меч од мундијалските квалификации, а ако ништо друго, избраниците на Луис Енрике оваа вечер добија уште поголема мотивација за победа на „Динамо арената“, стадионот кој вечно ќе остане запишан во македонската фудбалска историја.

Шпанските фудбалери имаа еден од најбизарните тренинзи во својата историја, бидејќи прво беа нападнати од двајца „натрапници“ кои беа „уловени“ од страна на обезбедувањето, а потоа на средина од тренингот, цел стадион остана без електрична енергија.

Стадионот во Тбилиси остана комплетно без осветлување, па иако шпанските фудбалери почекале извесно време на теренот, брзо сфатиле дека тренингот е предвреме завршен.

За да биде ситуацијата уште побизарна, шпанските медиуми пренесуваат дека струјата воопшто не се вратила на стадионот, па фудбалерите се туширале со помош на светлата од мобилните телефони пред да се упатат кон хотелот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни