Поврзете се со нас

Европски првенства

Грузијците почнаа да „летаат во облаци“: Кварацхелија е подобар од целиот тим на Шпанија

Објавено

на

foto: x.com/GeorgiaGff

Селекцијата на Грузија е најпријатното изненадување на Европското првенство на кое на дебитанскиот настап успеа да избори пласман во нокаут фазата каде ќе ги одмери силите со репрезентацијата која покажа најмногу на досегашниот дел од турнирот-Шпанија.

Грузијците во последното коло од групната фаза ја шокираа Португалија и со вкупно 4 бода обезбедија место меѓу 16 најдобри во Германија.

Овој резултат дефинитивно им ја зголеми самодовербата, па голманот Георги Мамардашвили испрати една порака која може дополнително да го мотивира фаворитот.

-Кварацхелија е подобар од целиот тим на Шпанија, -рече членот на Валенсија кој потоа додаде:

-За мене Шпанија е голем фаворит за триумф на ЕП. Грузија пак е мала земја, но со големо срце и треба максимално да се бориме за да видиме што ќе се случи. Нема да кажам дека ќе победиме. Она што треба да направиме е да се бориме до крај и да видиме што ќе се случи, -истакна Мамардашвили кој блеска на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни