Поврзете се со нас

Европски првенства

Грузијците победија со најмал посед на топката во историјата на ЕП, Турција и Чешка со рекорден број картони

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Грузија и Турција победија на последните две средби од групната фаза на ЕП, а овие два натпревара донесоа по еден рекорд во историјатот на европските првенства.

Квича Кварацхелија и неговите соиграчи го совладаа фаворитот Португалија со 2:0, со што си обезбедија историско осминафинале, а до триумфот стигнаа со неверојатно мал посед на топката.

Топката била кај Грузијците во само 28 проценти од натпреварот во Гелзенкирхен, а тоа е победа со најмал посед на натпревар на ЕП уште од 1980 година, односно откако се води детална статистика на ЕП.

Турција и Чешка одиграа нервозен натпревар кој уште во првиот дел донесе два жолти и црвен картон за чешкиот репрезентативец Барак, а заедно со протестите од двете клупи, судијата Иштван Ковач покажа неверојатни 18 жолти и 2 црвени картони.

Досегашниот рекорд беше 10 картони, а само Турција стигна до 11 картони, од кои жолтиот на Хакан Чалханоглу може да биде и посебно незгоден во пресрет на осминафиналето против Австрија. Од истата причина, во осминафиналето нема да настапи и дефанзивецот Акајдин, што е дополнителен удар за селекторот Винченцо Монтела.

Во финишот Чесите добија и втор црвен картон за Чори кој го доби за неспортско однесување во мешаницата на крајот на дуелот, а и голем број од жолтите картони беа покажани на фудбалери на двете клупи кои протестираа жестоко на одлуките на романскиот судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни