Поврзете се со нас

Свет

Грузијците го потврдија наследникот на досегашниот селектор Вајс

Објавено

на

Словачкиот стручњак Владимир Вајс не успеа да ја одведе Грузија на Европското првенство, а токму поразот од македонската репрезентација во плејофот на Лигата на нации го чинеше и отказ на селекторската функција.

По неколку месеци преговори, Грузијците денеска објавија дека наследник на Вајс ќе биде поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол.

Сањол ја започна тренерската кариера како селектор во младинските категории на француската репрезентација, беше тренер на Бордо, а потоа и член на стручниот штаб на Баерн Минхен.

Одреден период немаше ангажман, а ќе биде втор Французин кој ја водел Грузија по Алан Жирес.

Грузија во март има три сериозни предизвици во квалификациите за СП, а тоа се дуелите со Шведска, Шпанија и Грција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни