Поврзете се со нас

Европски првенства

Грузија приреди сензација и испиша историја, Турција со победа до осминафинале (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/geo__team

Грузија влезе како апсолутен аутсајдер на ова Европско првенство, но откако изненади со храбрите партии во првите две кола, денеска избраниците на Вили Сањол режираа сензација за паметење.

Тимот во кој главна ѕвезда е Квича Кварацхелија потврди дека има голем потенцијал против Чешка, меѓутоа оваа ноќ вечно ќе се памети во фудбалска Грузија, бидејќи оваа селекција избори прва историска победа, а автоматски и прво осминафинале на Европските првенства.

Кварацхелија уште во втората минута најави дека Грузија изглегува без респект и без страв против фаворизираната Португалија, а очигледно во прилог на Грузијците им одеше и тоа што селекцијата на Мартинез го имаше обезбедено првото место во групата.

Без оглед на тоа, мора да се пофали храбрата игра и беспоштедната битка на грузијските фудбалери, кои во вториот дел се изборија и за пенал, кој во втор гол го претвори Микаутадзе.

Грузискиот гол го одбрани и страшно добриот Мамардашвили кој повторно правеше чуда на голот, па така Грузија со конечни 2:0 патува во осминафиналето како една од најдобрите третопласирани екипи.

Во вториот дуел, Турција и Чешка во директен дуел решаваа за второто место во групата, а истото им припадна на избраниците на Монтела кои победија со 2:1. Турција поведе со голот на Чалханоглу, Чешка со играч помалку израмни на 1:1, но длабоко во судиското продолжение гол постигна Тосун за конечни 2:1 и осминафинале за Турција на ЕП.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни