Поврзете се со нас

Европски првенства

Грузија преку пенали до историски пласман на Европско првенство (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GeorgiaGff

Грузија обезбеди пласман на Европското првенство во Германија, со што првпат во историјата ќе настапува на едно големо фудбалско натпреварување.

Вечерва во Тбилиси гостуваше поранешниот европски првак Грција, а по 120 минути и неколку добри шанси, резултатот остана 0:0, па баражот мораше да се решава на пенали.

Прв не реализираше Бакасетас, но во третата серија возврати Микаутаѕе со големо промашување, враќајќи го пенал рулетот на почетна позиција.

Решавачко беше промашувањето на Јакумакис во четвртата серија, по што Квеквескири реализираше и го најави големото славје на стадионот.

Грузија на ЕП ќе биде во група со Турција, Чешка и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни