Поврзете се со нас

Европски првенства

Грузија победи без Квича и е првиот финалист во баражот за ЕП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EURO2024

Грузија вторпат во својата фудаблска историја ќе игра бараж финале за пласман на Европското првенство, а во вториот обид ќе има голема желба конечно да избори место на континенталниот турнир.

Пред три години, на патот на Грузијците застана Македонија која испиша историја со прв пласман на континентален турнир, но момците на Вили Сањол сега повторно ќе доживеат слични емоции.

Грузија денеска на домашен терен го победи Луксембург без својата најголемата ѕвезда во тимот, бидејќи Квича Кварацхелија беше суспендиран за ова бараж полуфинале поради жолти картони.

Без фантастичниот играч на Наполи, клучен за Грузија се покажа Зивзивадѕе кој постигна два гола во мрежата на Луксембург, од кој вториот беше клучен.

Пред да дојде до голот за 2:0, главниот судија со помош на ВАР поништи гол на Луксембург за 1:1, а потоа Шано беше испратен во соблекувалната и работата стана драстично полесна за домаќините.

Грузијците во бараж финалето ќе играат со победникот од вечерашниот дуел меѓу Грција и Казахстан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни