НБА
Групна тепачка во НБА лигата: Судијата исклучи пет играчи во Минеаполис (Видео)

Донован Мичел и Дилон Брукс се степаа на вчерашниот натпревар меѓу Кливленд и Мемфис, но нешто слилно се повтори и рано утрово на пресметката меѓу Минесота и Орландо.
Средбата во Минеаполис беше прекината на крајот од третата четвртина, а причина за тоа беше физичкиот дуел кој го имаа Остин Риверс од Минесота и Мо Бамба од Орландо.
Двајцата влегоа во клинч во аголот од теренот и имаа неколку неуспешни обиди да си удрат тупаници, по што тепачката стана групна и им се придружија уште неколку играчи.
На крајот никој не заработи посериозна повреда од овој инцидент, но судијата исклучи дури пет играчи со цел да ги смири страстите во пресрет на последната четвртина.
Покрај двајцата кои го иницираа инцидентот, исклучен беше уште Џејлен Сагс од Орландо, како и Торијан Принс и Џејден МекДенијелс од Минесота.
Натпреварот заврши со победата на гостите од 120:127, па на крајот Орландо повеќе профитираше од мешаницата во третата четвртина.
AUSTIN RIVERS AND MO BAMBA GET INTO IT 🤯 pic.twitter.com/kUFYXgPvI5
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 4, 2023
The Target Center Tussle 👀#RaisedByWolves | #NBA pic.twitter.com/7DPJwnELgS
— Bally Sports North (@BallySportsNOR) February 4, 2023
НБА резултати:
Детроит – Шарлот 118:112
Индијана – Сакраменто 107:104
Вашингтон – Портланд 116:124
Бостон – Феникс 94:106
Хјустон – Торонто 111:117
Минесота – Орландо 120:127
Сан Антонио – Филаделфија 125:137
Јута – Атланта 108:115
-
Европски првенствапред 22 часа
Шкотска ја урна Шпанија, Хрватска ја освои Бурса (ВИДЕО)
-
Евролигапред 23 часа
Фантастична атмосфера во Белград: Навивачите на Партизан поставија нов рекорд во Евролига (ФОТО)
-
Германијапред 11 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 10 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Англијапред 12 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Италијапред 23 часа
Икарди сака да се врати во Италија, два големи клуба пројавуваат интерес за него
-
Шпанијапред 9 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 12 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)