Формула 1
Грожан со прво сведоштво за хоророт во Бахреин: Роман обелодени што го натерало да стане и да ѝ побегне на смртта!
Возачот на Хаас, Роман Грожан, ја испрати првата порака од болница уште вечерта во неделата по страшниот инцидент што го имаше во Бахреин, а само два дена по неверојатните сцени на кои сведочеа и од кои се ужаснаа сите Ф1 фанови, францускиот пилот го одработи и првото интервју за еден домашен медиум.
Роман е голем херој во очите на цела јавност, која се уште е во неверување за чудото со среќен крај, кое се случи на патеката Сакир, а во разговорот кој ексклузивно го обезбеди „ТФ1“, возачот на Хаас открива дека во моментите на агонија, се потсетил и на страшниот инцидент кој во минатото го имаше Ники Лауда.
– За мене тоа беа многу повеќе од 28 секунди, изгледаа многу повеќе. Гледав како мојот визир од кацигата станува портокалов, го гледав пламенот од левата страна на едната половина од болидот. Ми се свртеа во секунда многу работи, вклучувајќи го и инцидентот на Ники Лауда. Си помислив дека не можам да завршам така, не сега. Не можев да ја завршам мојата приказна во Формула 1 на таков начин.
Грожан го сподели своето лично искуство од нестварните случувања кои ќе ги памети до крајот на својот живот, бидејќи во моменти кога беше „заглавен“ во пламен и во страшна огнена стихија, тој успеа да пронајде сила и огромна храброст за да излезе од распарчениот болид и да се спаси од сигурна смрт.
– Успеав да се приберам и си реков на себеси дека мора да излезам од таму поради моите деца. Ги турнав моите раце во оганот и јасно ја почувствува жештината и горењето на шасијата. Излегов и потоа почувствував како некој ме повлекува, знаев дека веќе сум надвор. Бев повеќе исплашен за моето семејство и пријателите, особено за моите деца кои се моја најголема гордост и извор за енергија. Ова е најголемиот инциднет кој сум го видел во мојот живот, болидот експлодираше, – додава Французинот кој се надева дека ќе вози на последната трка во Абу Даби која ќе биде последна за него во тимот на Хас.
И покрај се, тој веќе размислува за враќање во седиштето, но не на овонеделната трка за ГН Сакир, туку на онаа планирана за 13 декември во Абу Даби.
– Имам психолошка работа пред себе, бидејќи навистина гледав како смртта доаѓа. Среќен сум што чувствувам дека сум жив, што ги гледам работите на поинаков начин. Сепак, постои желба да се вратам во болидот, ако е можно да го направам тоа во Абу Даби, да ја завршам мојата приказна во Формула 1 на поинаков начин. Ова е како второ раѓање за мене, тоа што излегов од пламенот тој ден е нешто што го одбележува мојот живот. Не знам дали во светот постои чудо и дали може да се употреби тој збор, но ќе кажам дека не беше мое време да умрам таму, – завршува Грожан.
Половина минута како вечност: 32 секунди во кои Грожан беше „проголтан“ од оганот (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг: Коментарите за нашата победа над Ковентри се срамни!
-
АТПпред 20 часа
Ѓоковиќ за следната етапа во кариерата: Не знам дали ми е потребен тренер
-
НБАпред 20 часа
Еден од браќата на Јокиќ удри фан на трибините во арената на Денвер (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Антони го објасни својот контроверзен потег на дуелот со Ковентри: Го бранев својот клуб
-
Англијапред 18 часа
Двајца премиерлигашки фудбалери уапсени за силување
-
Англијапред 17 часа
Аморим бил во Лондон, преговарал за преземање премиерлигашка екипа
-
Шпанијапред 8 часа
Ладен како шприцер: Реакцијата на Касилјас по победничкиот гол на Белингам (Видео)
-
Светпред 23 часа
Идната ѕвезда на Реал ја воодушеви Јужна Америка: Дриблингот на Ендрик го хипнотизираше играчот на Фламенго (Видео)