Поврзете се со нас

Формула 1

Грожан открива нови детали: Бев заглавен во кокпитот, се помирив со смртта, но потоа…..

Објавено

на

blank

Роман Грожан денеска се појави и на прес-конференцијата во Бахреин и за првпат јавно се обиде да долови како низ неговите мисли минал страшниот инцидент во моментите кога беше „заробен“ во огнот, давајќи убедливо најдетална слика за тоа што се му поминало низ главата и што го натерало да излезе од болидот во ситуација кога во милисекунди и се помирил со смртта.

Возачот на Хаас нема да биде дел од претстојата трка за Големата награда на Сакир поради изгорениците кои ги има на рацете и едната нога, но ветува дека ќе даде се од себе за да биде дел од спектаклот на последната трка во Абу Даби со која ќе биде заокружена оваа натпреварувачка сезона.

– Кога болидот конечно сопре, го тргнав ременот. Не паметам дека го тргнав и воланот, прашав за тоа подоцна и ми открија дека воланот бил меѓу моите нозе. Во првиот обид да излезам од болидот, нешто ми ја допре главата. Прво помислив дека некој ќе пријде да ми помогне. Тогаш се свртев лево и десно, видов оган и сфатив дека немам време за чекање. Пробав да се помрднам, но не можев, во глава почна да ми се вртат слики од Ники Лауда. Не смеев да завршам вака, не можеше тоа да биде моја последна трка, но бев заробен во еден момент.

– Најмалку пријатен моментот беше кога моето тело почна да се релаксира, се помирив и си реков: Тоа е тоа, ќе умрам. Дали ќе боли? Како ќе започне? Најверојатно тоа беа милисекунди, бидејќи веднаш потоа ми текна на моите деца и решив да се борам, не смееја да останат без татко. Се освестив, но едното стапало ми беше заглавено и потегнав толку силно, што останав без патиката. Кога излегов со горниот дел од кокпитот, сфатив дека можам да излезам од болидот.

– Го допрев болидот со рацете и почувствував голема болка, но знаев дека можам да излезам. Кога ја минав оградата, ме допре Робертс (медицинското лице на ФИА) и веќе знаев дека некој е со мене. Ги движев рацете бидејќи многу ме болеа, имав чувство дека ми се залепени ракавиците за рацете. Левата нога мислев дека ми е скршена зошто многу ме болеше, а Робертс ми велеше дека ќе го почекаме амбулантното возило. Јас сакав да одам, беше важно фановите да видат дека сум добар, иако тоа беше контрапродуктивно за изгорениците и повредата, – открива Грожан.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни