Формула 1
Грожан конечно се ослободи од завоите и откри како изгледаат неговите изгорени раце (Фото)

Роман Грожан преживеа нестварен инцидент на претпоследната патека од Ф1 календарот и најпозитивна вест беше тоа што остана жив во огнената стихија од која самиот се извлече, а месец и половина по инцидентот, францускиот возач конечно се ослободи од завоите.
Рацете на Грожан претрпеа најголема штета поради фактот што самиот призна дека имал контакт со надворешниот дел од болидот во моментите кога не бирал начин да си го спаси животот, па тоа се покажа и како главна причина што не доби зелено светло да настапи на последната трка во Абу Даби и достојно да се прости од Хаас тимот.
Од првиот ден од инцидентот, па се до денешен ден, Грожан редовно ги известува Ф1 фановите за прогресот во рехабилитацијата, а попладнево со објавата во која конечно нема завои, се гледа дека изгорениците на левата рака се навистина многу тешки.
– Преврските комплетно ги нема и Петрус е среќен, – порача Грожан кој позираше со својот мачор.
Dressing fully off and Petrus happy!!!
🥰🥰🥰 pic.twitter.com/0Ab3r2fcW1— Romain Grosjean (@RGrosjean) January 12, 2021

- Италијапред 22 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 21 час
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 20 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 23 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 19 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 18 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч