Поврзете се со нас

Формула 1

Грожан отпоздрави од болницата и откри што му го спасило животот (Видео)

Објавено

на

Ромен Грожан ги преплаши своите колеги и Формула 1 фановите со страшниот инцидент на патеката во Бахреин, а вечерва стана јасно дека возачот на Хас ќе остане во болница поради изгорениците кои ги заработил.

Французинот имаше среќа бидејќи можеше да мине многу полошо од ударот со брзина од 212 км/ч, но и од пожарот кој потоа се појави, а сега ќе мора да се рехабилитира од повредите кои му се детектирани.

Грожан реши да испрати видео порака до своите фанови, потврдувајќи дека се наоѓа во добра општа состојба.

– Здраво на сите! Сакам да Ви кажам дека сум добар, или „своевидно“ добар.

– Ви благодарам за пораките, Пред некоја година бев против „ХАЛО“ заштитата, но тоа е одлично нешто, без него денеска немаше сега да ви зборувам. Сакам да се заблагодарам на медицинскиот персонал и на останатите луѓе на патеката. Се надевам дека наскоро ќе можам да ви пишам и да ви кажам како ми оди!

Половина минута како вечност: 32 секунди во кои Грожан беше „проголтан“ од оганот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни