Поврзете се со нас

Формула 1

Грожан: Го гледав инцидентот со моите деца и им одговорив на прашањата

Објавено

на

Многумина потенцираа дека Роман Грожан живее „втор живот“ откако успеа да се спаси во застрашувачката огнена несреќа која ја имаше на трката за Големата награда на Бахреин на крајот на 2020-та година, инцидент кој направи Французинот да стави крај на својата кариера во Формула 1.

Грожан самиот успеа да се спаси откако се чинеше дека е „проголтан“ од оганот, па со својата херојска реакција си го спаси животот и ужива во секој одминат ден, иако вели дека се уште има последици и мора да изврши неколку работи пред да го стартува утрото.

– Секое утро мора да ги соблечам силиконските ракавици кои ги носам во текот на ноќта и да си ставам крема на рацете. Секој пат кога го правам тоа, длабоко размислувам и се потсетувам дека добро е што сум жив, што сум се уште тука, што можам да си играм со децата, што ја имам сопругата крај мене.

– Дури сега сфатив каков е животот, дури и со проблеми уживам во животот, знам колку е вреден. Немав проблем одново да го гледам инцидетот со моите деца, тие имаа неколку прашања и им одговорив на сите. Го видов ужасот со нив и со мојата сопруга и зборувавме отворено за тоа. Работев и со психолог за да го надминам сето тоа, со цел да немам никакви последици од несреќата. Имаше некои работи кои требаше да ги сфатам подобро и затоа бев на психолог.

– Едната рака не е баш добра, не смеам да седам на сонце и мора да внимавам со високите и ниските температури. Добро е што сум жив, што играм со моите деца и тоа е најважно за мене, – потенцира Грожан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни