Поврзете се со нас

Франција

Гросо првпат се огласи откако избегна трагедија во Марсеј (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OL

Фабио Гросо во неделата требаше да има срдечна средба со својот поранешен репрезентативев колега Џенаро Гатузо, но наместо тоа, поранешниот италијански репрезентативец мораше да заврши на шиење.

Тренерот на Лион го извлече најдебелиот крај откако радикалните навивачи на Марсеј го каменуваа автобусот на гостите, а тоа ги натера водечките луѓе на Лига 1 да го откажат дербито.

Гатузо како нов тренер на Марсеј не дочека шанса да ги одмери силите со Гросо, бидејќи сите спортски најави на дербито останаа во сенка на немилиот настан.

Гросо покажа како изгледа неговото око по каменувањето и ги шокираше фановите (Фото)

Гросо вчера обелодени како изгледа неговото лице и ги шокираше фановите, а денеска првпат се огласи и им се заблагодари на сите кои му дале поддршка.

– Тоа што се случи во неделата можеше да биде трагедија, за спортот и за сите оние кои го сакаат фудбалот. Се надевам дека ова ќе ни биде лекција за во иднина. Ви благодарам на сите за искажаната љубов и поддршката. Напред Олимпик Лион, – порача Гросо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни