Поврзете се со нас

Светски првенства

Гром удрил во СЦ „Јане Сандански“, меч од СП мораше да се доигрува во „Борис Трајковски“

Објавено

на

Македонија е домаќин на Светското првенство за ракометарки во 20 години, а денеска РФМ како организарот се соочи со еден неочекуван проблем и тоа поради лошите временски услови во Скопје.

Имено гром удрил во генераторите на СЦ „Јане Сандански“ по што салата останала без струја, информираа од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Ова се случило за време на дуелот меѓу Данска и Јужна Кореја, па покрај сите напори проблемот да биде надминат, решен тоа не се случи и донесено е решение вториот дел од мечот да се доигра во СЦ „Борис Трајковски“.

Јужна Кореа го доби овој втор дел со 11-10, меѓутоа скандинавките на крајот славеа со вкупни 29-23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни