Поврзете се со нас

Италија

„Гром од ведро небо“: Мурињо и официјално се враќа во Серија А! (Фото)

Објавено

на

Жозе Мурињо во своето последно интервју нагласи дека не би одбил понуда од друг голем клуб од Италија откако претходно го водеше Интер, а ова попладне се покажа дека оваа негова изјава всушност била најава за „бомбата“ која одекна.

Сосема неочекувано и без никаква најава од медиумите, португалскиот стручњак успеал „скришно“ да се договори со Рома, па така сега „волчицата“ со официјално сооопштение информираше дека искусниот Жозе ќе биде нов тренер на првиот тим со почеток од наредната сезона.

Рома ова утро најави дека се разделкува со Пауло Фонсека по крајот на сезоната, но само неколку часа подоцна, испорача „бомба“ која ја изненади и комплетната италијанска спортска јавност.

Иако како прво име за Рома се посочуваше Маурицио Сари, конечниот избор е Жозе Мурињо кој ставил потпис на тригодишен договор со клубот од италијанската престолнина.

За Жозе ова ќе биде второ искуство на Апенините, бидејќи претходно на извонреден начин го водеше Интер и испиша историја со освоената триплета пред да се пресели во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни