„Гробарите“ ја продолжија интерната војна: „Каде ви се сплиќаните?“ (Видео)

grobari3

Големиот инцидент кој се случи на фудбалското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда, а во кој беа вмешани и неколку хрватски хулигани, предизвика многу реакции во регионот и посебно во соседна Србија.

Според медиумите, се работело за пресметка меѓу две фракции на „Гробарите“ кои се борат за превласт на јужната трибина на стадионот на Партизан, а тие и денеска покажаа дека се далеку од расчистување на недоразбирањата.

За време на кошаркарскиот натпревар меѓу Партизан и Задар, српската полиција успешно ги одвои двете навивачки групи, но тоа не ја спречи вербалната војна. „Поразените“ од претходната битка провоцираа кон своите противници извикувајќи „Каде ви се гробарите“, алудирајќи на тоа дека меѓу нив има поранешни навивачи на Црвена Звезда, а одговорот стигна со „Каде ви се сплиќаните“, што беше потсетување за платените хрватски хулигани кои настрадаа во стадионската пресметка.

Facebook Коментари