Поврзете се со нас

Евролига

„Гробари“ се „премислија“ за Раѓа и Кукоч, па излегоа со навредлив транспарент за хрватските легенди

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Тони Кукоч и Дино Раѓа добија овации од фановите на Партизан за време на евролигашкиот натпревар со Олимпијакос, но дел од најжестоките фанови на „црно-белите“ го променија ставот за хрватските легенди по само две недели.

На вчерашниот дуел со Валенсија, во белградска „Арена“ бил истакнат транспарент кој бил директна порака за Хрватите, а придружен и со навредливи зборови пред се на сметка на Раѓа.

– Ние никогаш нема да се правиме фини, кон усташите што бегаа од пиедесталот во Атина, – стои на дел од транспарентот кој го привлече вниманието на јавноста, а со кој фановите на Партизан алудираат на потегот на хрватската репрезентација на ЕП во 1995 година.

Дел од присутните во салата не се согласувале со ваквиот потег и негодувале за истиот, но клубот мораше да излезе со соопштение за да се огради од ваквото однесување на навивачите.

– КК Партизан сака да го потенцира несогласувањето со одредени постапки на кои бевме сведоци вечерва. Иако сите се свесни дека хетерогеноста во размислувањата и ставовите за различни прашања е нешто што ги карактеризира навивачите на Партизан, клубот се оградува од сите навреди кои беа упатени на вечерашниот натпревар, од различни страни на „Арена“. Исто така, клубот не го разбира неодговорниот испад и палењето факели во салата, што сигурно ќе доведе до строга казна и ќе биде удар за угледот на Партизан, за кој заедно се боревме, – стои во соопштението на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни